Shirok Sokak 61 Bitola, Macedonia

Robevski luxury rooms се наоѓа на 33 км оддалеченост од Лерин (Florina) и на само 10 км од националниот парк Пелистер. Објектот е во срцето на Битола, на самата амбиентална улица Широк Сокак, веднаш до старата Католичка црква. Собите се сместени во историска градба, стара околу 200 години, сега целосно реконструирана во луксузен историски времеплов кој ги прераскажува приказните од минатото во нашата убава и единствена Битола. Уникатноста на собите произлегува од личности во минатото кои оставиле траен белег.

Robevski luxury rooms располага со 6 луксузно опремени соби во различен стил. Тие се именувани по најамбиенталната улица во Битола ,,Широк Сокак” која во минатото ги носела имињата на познатите Хамиде Џемеси, Крал Петар, Маршал Тито, како и соба именувана по таткото на модерна Турција, Кемал Ататурк кој своето образование го стекнал токму во овај град. Исто така градот надалеку е познат и како град на конзулите, па затоа и една од собите е именувана на овој начин.  Секоја соба има своја автентична приказна, поврзана со историјата на Битола. Објектот располата со соби во стил на конзулска и градска Битола, луксузен амбиент во кој сами ќе се уверите. Сите соби се опремени со бањи, инвертер клима, фрижидер, сеф, фен за коса, хипоалергични и антибактериски душеци, LCD телевизор со кабелски приклучок, бежичен Интернет, а дел од собите имаат и балкон со фантастичен поглед кој гледа директно кон најубавата улица во Битола, Широк Сокак. Исто така гостите во собата може да се послужат со кафе, чај и овошје. Во скоп на собите има казино и ресторан за здрава храна.

Check In
Night
Check Out
Adults
Children
1 King Bed
1 Single Bed
3
City
3 Single Bed's
3
City
Yes
2 Single Bed's
2
City
Yes
1 King Bed
1 Single Bed
3
City
1 King Bed
2
City
Yes
5 Single Bed's
5
3
City